Ние сме добротворна организација.

Целта е да станеме водечка невладина организација посветена на одбраната на вредностите на еднаквоста, хуманоста и инклузивноста во нашето општество.

Од основањето нашето здружение е посветено на создавањето на подобро и посреќно општество каде сите луѓе ќе имаат еднакви можности и права.

11
Членови
1
Активен проект
Group of People Holding Arms
Поддржи не!

Доколку сакате да ни помогнете во работата на било кој начин, контактирајте не веднаш.

Дејности

Што не прави поразлични?

Помагаме

На оние кои им е најпотребна помошта, во повеќе сектори

Донираме

За да измамиме повеќе насмевки, во најразлични случаи

Градиме

Подобра иднина, подобра информираност и свест во општеството

Едуцираме

Млади кои стремат кон надоградување на своите вештини и знаење

Повеќе за нас

Нашата мисија

Нашата мисија е да го поддржуваме и да го заштитуваме правото на секој човек за еднаквост и хуманост. Преку разни активности и иницијативи, ние се ангажираме во борбата против дискриминацијата, насилството и неправдата во нашето опшество. Со едукативни програми, социјални акции и најразлично помагање, ние се стремиме да го направиме светот подобар за сите.

Нашата визија

Нашата визија е едно општество каде сите луѓе се третираат со почит и рамнодушност, каде нема место за дискриминација и говор на омраза. Сакаме да ја изградиме се повеќе понатаму оваа визија и да го создадеме светот за кој сонуваме – свет на еднаквост, солидарност и сочуство.

Нашиот тим

Нашиот тим се состои од ангажирани и страстни личности кои го споделуваат искуството и вештините во борбата за еднаквоста, хуманоста и социјализираноста. Ние сме разноврсен тим со различни позадини и стручности, што ни дава можност да разгледуваме проблемите и предизвиците од разни аспекти и да наоѓаме иновативни решенија.