| |

Повик за практиканти – Маркетинг специјалисти

За повикот

Практикантската програма ќе обезбеди потврди и благодарници за лицата кои што ќе сакаат да поминат низ краткотрајната практикантска работа во времетраење од 1 недела.

За учеството во практикантската програма со избраниот практикант ЕКВАЛИТАС СОЦИЈАЛ ќе случи договор кој ќе ги регулира правата и обврските на двете страни.

Практикантството може да се реализира од 1 Ноември 2023 до 1 Декември 2023 година, и практикантската работа треба да биде непрекината.

Услови и обврски за учество во програмата

Сите заинтересирани кандидати за учество во практикантската програма потребно е да:

  • Бидат на возраст од 18 до 29 години;
  • Да имаат завршено најмалку средно образование;
  • Да можат да извршуваат практикантска работа во времетраење од една недела.

Избраните кандидати ќе ги имаат следниве услови за извршување на практикантската работа:

  • Ментор со кој ќе можат да се советуваат и кој ќе ја следи нивната работа.
  • Назначено одговорно лице од ЕКВАЛИТАС СОЦИЈАЛ кај кое ќе може да се обратат во текот на целата пракса.
  • Апсолутна флексибилност.
  • Јасно дефинирани барања и очекувања.
  • Стекнување на нови вештини, знаења и компетенции.

Обврските кои ќе ги имаат практикантите се следните:

  • Уредно, совесно и навремено извршување на доделените задачи.
  • Чување на класифицирани и доверливи податоци стекнати за време на практиканството.
  • Почитување на интерните протоколи и прирачници за работа на ЕКВАЛИТАС СОЦИЈАЛ.
  • Да учествува на официјалните состаноци ( онлајн ).

Задачи на практиканите се:

  • Да изработат маркетинг стратегија за рекламирање на социјални мрежи ( Instagram/Facebook ) во времетраење од еден ( 1 ) месец.
  • Детално да ги објаснат структурите и содржините на објавите/приказните ( posts/story ) кои ќе бидат дел од маркетинг стратегијата во текот на тој еден месец.
  • Да дадат препораки и идеи за понатаму.

За овој повик не се предвидени финансиски надоместоци за ангажираните лицa.

Начин на пријавување

Заинтересираните кандидати треба да го пополнат формуларот а потоа да причекаат додека се разгледа нивната апликација, додека доколку истата е со позитивен исход би следело кратко интервју со избраниот кандидат.

Формулар за аплицирање

За било какви дополнителни прашања обратете се на contact@esoc.mk

За проектот

Ова е првиот проект од мал размер на ЕКВАЛИТАС СОЦИЈАЛ каде целната група се млади професионалци кои се на почеток на својата кариера и сакаат да го надоградат своето знаење и вештини преку практикантска работа.

Similar Posts