| |

Повик за практиканти – Графички дизајнери

За повикот

Практикантската програма ќе обезбеди потврди и благодарници за лицата кои што ќе сакаат да поминат низ краткотрајната практикантска работа во времетраење од 1 недела.

За учеството во практикантската програма со избраниот практикант ЕКВАЛИТАС СОЦИЈАЛ ќе случи договор кој ќе ги регулира правата и обврските на двете страни.

Практикантството може да се реализира од 1 Ноември 2023 до 1 Декември 2023 година, и практикантската работа треба да биде непрекината.

Практикантството ќе биде реализирано целосно онлајн.

Услови и обврски за учество во програмата

Сите заинтересирани кандидати за учество во практикантската програма потребно е да:

  • Бидат на возраст од 18 до 29 години;
  • Да имаат завршено најмалку средно образование;
  • Да можат да извршуваат практикантска работа во времетраење од една недела.

Избраните кандидати ќе ги имаат следниве услови за извршување на практикантската работа:

  • Ментор со кој ќе можат да се советуваат и кој ќе ја следи нивната работа.
  • Назначено одговорно лице од ЕКВАЛИТАС СОЦИЈАЛ кај кое ќе може да се обратат во текот на целата пракса.
  • Апсолутна флексибилност.
  • Јасно дефинирани барања и очекувања.
  • Стекнување на нови вештини, знаења и компетенции.

Обврските кои ќе ги имаат практикантите се следните:

  • Уредно, совесно и навремено извршување на доделените задачи.
  • Чување на класифицирани и доверливи податоци стекнати за време на практиканството.
  • Почитување на интерните протоколи и прирачници за работа на ЕКВАЛИТАС СОЦИЈАЛ.
  • Да учествува на официјалните состаноци ( онлајн ).

Задачи на практиканите се:

  • Да изработат 5 различни варијации за објави ( posts ) за социјални мрежи ( Instagram/Facebook ).
  • Да изработат 5 различни варијации за приказни ( story ) за социјални мрежи ( Instagram/Facebook ).
  • Да дадат препораки за подобрување на брендингот на ЕКВАЛИТАС СОЦИЈАЛ врз база на постоечкиот материјал.

За овој повик не се предвидени финансиски надоместоци за ангажираните лицa.

Начин на пријавување

Заинтересираните кандидати треба да го пополнат формуларот а потоа да причекаат додека се разгледа нивната апликација, додека доколку истата е со позитивен исход би следело кратко интервју со избраниот кандидат.

Формулар за аплицирање

За било какви дополнителни прашања обратете се на contact@esoc.mk

За проектот

Ова е првиот проект од мал размер на ЕКВАЛИТАС СОЦИЈАЛ каде целната група се млади професионалци кои се на почеток на својата кариера и сакаат да го надоградат своето знаење и вештини преку практикантска работа.

Similar Posts